СДСМ: Отвараме работни места и враќаме пари кај граѓаните

СДСМ со соопштение утрово до јавноста:

- По 11 години изолација и стагнација, економијата се движи во добар правец. Напредокот во економијата е потврден и во годишната анализа за економските реформски програми на Европската комисија којшто констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни. Официјалните податоци на ФДИ Интеленџенс, сервис на Фајненшел тајмс, потврдуваат дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции, велат од СДСМ:

 Тоа е раст од 200 отсто на гринфилд инвестиции во споредба со 2017 година.

- За само две години, вработени се околу 50.000 граѓани, а од нив дури 48.000 граѓани се вработени во реалниот сектор. Овие официјални податоци се признание за економските реформи на Владата предводена од СДСМ преку кои економијата е стабилизирана и постојано расте. За СДСМ, зборот важи!, додаваат од апртијата.

 Како државотворна и одговорна партија која за единствен приоритет ги има граѓаните,остануваме целосно фокусирани на развој на економијата, отворање на нови работни места, враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на повисок животен стандард.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега