ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за две години го осиромашија народот

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на соопштенијата и обвинувањата од СДСМ:

- Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Откако се СДСМ на власт парите наместо кај граѓаните завршуваат кај кланот Заеви и бизнисите на функционерите во врхушката на власт. СДСМ за две години ги осиромаши граѓаните на Република Македонија, а државата ја доведе до економски колапс. Заради погрешните економски политики на власта над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а македонската економија е на дното во Европа. Додека повеќе од 70% граѓани земаат плата помала од просечната и не знаат како ќе го преживеат месецот, власта ги замајува со мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите, велат од ВМРО.

Граѓаните со оваа мерка може да добијат во просека 156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што значи никогаш нема да стигнат до бројката од 30.000 денари која Зоран Заев им ја ветуваше.

- За да се оствари ветувањето на Заев дека граѓаните ќе добијат 30.0000 денари од поврат на ДДВ и ќе можат да реновираат соба, да исплатат кредит или да одат на одмор потребни ќе бидат дури 16 години, а не една година. Доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да ги намали даноците, да ја укине акцизата, да стимулира намалување на цените на мало и да престане да ги ограбува преку наместени, тендери ,грантови и непотистички вработувања. Граѓаните со оваа криминална власт наместо живот добија беда. Потребно е СДСМ и Заев веднаш да си замина, за да може Република Македонија и граѓаните да напредуваат, велат од ВМРО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега