СДСМ: ВМРО само грабаше пари од народот- ние ги враќаме назад

СДСМ денеска со соопштение до јавноста за повратот на ДДВ.

- Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година. Она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите. Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе ,велат СДСМ.

Додаваат дека криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите.

- Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите. Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега