ВМРО-ДПМНЕ: Убиецот на Нешковски поради блискоста со Заев не е во Идризово

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по соопштението на СДСМ за Нешковски.

- Зоран Заев мора кривично да одговара за поттикнување. Со објавената интегрална снимка се гледа дека докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка со цел да ги доведе во заблуда граѓаните на Република Македонија во врска со убиството на Мартин Нешковски. Заради неговата измама и манипулација 40-тина полициски службеници беа сериозно повредени, десетици добија кривични прекршочни пријави, а беше причинета и огромна материјална штета во насилните протести кои следеа после лагите на Заев, велат од ВМРО.

Време е обвинителството да почне да се меша во својата работа и да покрене постапка против Заев за поттикнување на кривично дело.

- СДСМ треба да одговори каде е сега убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов и дали заради неговата блискост со Заев и срдечниот поздрав во затворот истиот не ја издржува казната во затворот Идризово, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2019 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега