СДСМ: ВМРО 11 години грабаше пари од народот а ние ги враќаме

СДСМ денеска со соопштение до јавноста.

- Концептот на владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки кои даваат резултат. Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра. Ја вративме евтината тарифа на струјата која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните, велат од партијата.

За споредба на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан Хидро Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе за 100% а евтината тарифа беше укината.
 
- ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните, завршуваат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега