ДУИ бара Заев да ја стави Бежовска за министер

Премиерот Зоран Заев бил притиснат од владиниот коалиционен партнер ДУИ да ја постави Анита Ангеловска Бежовска за министер за финансии за на нејзино место да може да биде назначен Фатмир Бесими како гувернер на Народна банка, објави Коха.

ДУИ го потсети премиерот дека имаат неформален договор дека во иднина на чело на централната банка треба да застане поранешниот министер за економија Бесими.

„Важно е дека ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбира професионалец, да раководи со Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога беа поделени ресорите заедно со СДСМ, кога беше формирана владејачката коалиција”, велат за Коха од ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега