Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Аеродром ја напуштија седницата на Советот

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Аеродром, денеска демонстративно ја напуштија седницата на Советот.

-На денешната седница на дневен ред меѓу другите точки се и точките за зголемување на плата на вработените во градинките, значи на вработените воспитувачи и негователки. Ова точка ние максимално ја поддржуваме и како советничка група ја поздравуваме, меѓутоа одговорноста за носење на тие одлуки е сепак на власта. Ние како советничка група денеска имаме морална одговорност да ја напуштиме работата на оваа седница бидејќи денеска власта со нејзините познати методи за прикривање на својата неспособност за реализирање на програмата што ја вети пред изборите премина кон нејзините стандардни методи за заплашување на опозицијата, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром и додаде:

„Денеска е приведен Дејан Митевски претседателот на Општински комитет на Аеродром. Целата е многу јасна, а пораката е да се заплаши опозицијата во Аеродром како и претходните случаи со приведување. Ние како советничка група во знак на поддршка ќе ја напуштиме оваа седница и нема да учествуваме во работата на Советот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега