ВМРО- ДПМНЕ: Во Владата на СДСМ владеат само лаги и неработа

Во Владата на СДСМ владеат само лаги и неработа, велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција на интервјуто на Кочо Анѓушев за Сител.

„Во вчерашното интервју на ТВ Сител вицепремиерот Анѓушев во делот на железниците изнесе доста невистини. И ексклузивно го најави проектот за продажба на Македонски Железници Транспорт АД.

          На ова Анѓушев должи одговори на јавноста на прашањата:

  1. Дали во вчерашното интервју на ТВ Сител вицепремиерот Кочо Анѓушев ја најави продажбата на МЖ Транспорт АД како уште еден бонбона бизнис“ по примерот на продажбата на ЕВН?
  2. Дали СДСМ по принцип на стариот комунистички метод прво ќе ја обезвредни и ќе ја прикаже во лошо светло состојбата на МЖ Транспорт АД,а потоа ќе ја продаде за багателна цена?
  3. Дали е точно дека на затворена седница на Владата на Република Македонија веќе е донесена одлука за продажба на единствениот железнички оператор во нашава држава?
  4. Дали Македонија ќе биде единствена земја во светот која што ќе нема своја државна железница?
  5. Дали Владата на Република Македонија има направено анализа колку вработени ќе останат без работа со продажбата на Македонски Железници Транспорт АД?

          Граѓаните се уште паметат како во 2005-та година над 700 вработени на Македонски Железници останаа на улица благодарение на лошите политики на тогашната Влада предводена од СДСМ. Лесно е да е да се продаде, но способност е да одржуваш она што го имаш. Но, за жал способноста очигледно не е одлика на Анѓушев.

          ВМРО-ДПМНЕ ги демантира изјавите на вицепремиерот Анѓушев дека половина од новите возови не се во употреба заради дефект. Всушност 90% од вкупниот патнички железнички сообраќај го извршуваат токму новите возови набавени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Се поставува прашањето со што ли ќе се одвиваше патничкиот железнички сообраќај доколку не се набавеа овие возови? Само еден воз не е во употреба заради оштетување кое е предизвикано од вонреден настан, односно исклизнување, за кој вината не треба да се бара во никој друг освен во неспособноста на партиски раководни кадри на СДСМ кои со својата негрижа предизвикаа таква сообраќајна незгода.

          Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор. Нема никакви нови проекти, нема никакви инвестиции и вложувања во железничкиот сектор. Нема инвестиции за одржување и ремонт на пругите и возовите. А, по вчерашното интервју видовме и зошто било тоа така. Целта е да се клекне на колена Македонски Железници Транспорт АД со цел да се обезвредни и продаде по багателна цена како бонбона бизнис“.

          Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор. Ова уништување што поскоро мора да запре. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се запре процесот на уништување и ќе започне голема обнова на железниците во Република Македонија“ стои во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега