СДСМ по апсењето на Боки 13: Сите се еднакви пред законот и правда ќе има

СДСМ денеска со соопштение до јавноста за апсењето на Боки 13.

- Државата изгради институции и систем коишто се борат против корупција, сите се еднакви пред законите. За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани - обвинителство - МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот, велат од СДСМ.

 Според партијата, сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.

 - СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата, завршуваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега