По претрес на автомобилот уапсени три лица од кои еден малолетник во Тетово

 

Три лица уапсени поради дрога која била пронајдена во нивниот автомобил во Тетово.

Синоќа во 21 часот и 20 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „Ауди А5“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Тетово, во кое се наоѓале и 18-годишниот С.Д. и 16-годишно лице, исто така, од Тетово.

При преглед на возилото биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризла.

Тројцата биле лишени од слобода и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега