„Летале“ казни: Македонската полиција спроведе акција за исправност на возила за јавен превоз

 

 

Во текот на вчерашниот ден македонската полиција спроведе акција за исправност на возила кои вршат јавен превоз во неколку градови во Македонија, при што се утврдени многу неисправни возила.

Во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 93 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 74 се упатени во станица за технички преглед.

При контролите констатирани се девет неправилности, односно кај две е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, четири имале неисправни светлосни уреди и две непродолжена регистрација.. Санкционирани се и 18 останати прекршоци.

Исто така полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на техничката исправност на 43 автобуси и возила кои вршат јавен превоз на патници.

Притоа, во Велес била утврдена неисправност на три возила од контролираните 21, во Кавадарци од контролираните 10 возила сите биле исправни и во Неготино контролирани биле 12 возила и ситe биле исправни. На возачите на неисправните возила им се изречени соодветни казни.  

Според пријавеното од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

Во акцијата се контролирани 84 возила, од кои 45 се упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив се констатирани неправилности, поради кои возилата се исклучени од сообракај и се издадени шест прекршочни платни налози. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега