Незапаметен настан во Тетово: Влетал со автомобил и прегазил 10 пешаци

Еден потешко повреден и уште девет полесно повредени е последицата  од инцидент на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61 годишен жител на Мала Речица со автомобил влетал и удрил во 10 пешаци.

СВР Тетово информира дека во 13 часот и 30 минути  61-годишниот М.Ј. од Мала Речица управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10 пешаци. Се работи за А.В.(75) од Јажинце, И.З.(76) од Непроштено, Џ.А.(58) од Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

Останатите прегазени пешаци завршиле со полесни повреди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега