Го бркале со сатар - МВР со детали за драмата во Лептокарија

 

Вработени во ресторан во Скопје нападнале скопјанец поради расправија околу нарачката за храна.

МВР информира дека М.Т. од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот вчера во ресторан во Трговски центар, бил физички нападнат од вработените во ресторанот, Л.Ч.(34) и Л.Ш.(43) државјани на Народна Република Кина, околу нарачка на храна.

Според пријавата, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне М.Т. а другото лице фрлало различни предмети.

По преземени мерки, Л.Ч. и Л.Ш. биле приведени во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На социјалните мрежи вчера се појави и видео од настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега