Прегазена млада девојка во Тетово

Тешка несреќа се случила вчера попладне во Тетово кога автомобил прегазил млада девојка.

МВР информира дека во 18 часот и 30 минути на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, 47-годишниот Ш.Х. од селото Вејце, тетовско, управувајќи патничко возило „Фолкваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 18-годишната Т.А.од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката и била пренесена во болница.

 Увид извршила екипа од СВР Тетово.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега