Филмска бркотница во Гевгелија: Приведен скопјанец

Филмска бркотница се случила во Гевгелија кога скопјанец кој го натоварил камионот со мигранти бил запрен од полицијата, но наместо да застане почнал да бега.

МВР информира дека настанот се случил во 13.30 часот кај базата на „Македонија пат“ - Гевгелија, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Ж.В од Скопје, кој наместо да застане почнал да бега.

Ж.В. го запрел возилото подоцна, излегол и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш.

Младиот скопјанец бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега