Тешка несреќа во Македонија - Еден тешко повреден

Кавадарчанец на возраст од 60 години бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
   
-Сообраќајната незгода се случила на ул. ,,Шишка“, помеѓу патничко возило „опел корса“ со кавадаречки ознаки, управувано од З.М. (60) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со кавадаречка регистрација, управувано од кавадарчанецот М.Г.(61), појасни Додевски.
 
 
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.М. кој бил пренесен во кавадаречката болница.
 
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега