Голема заплена во Охрид: Криел 50 кила дрога во возилото

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР – Охрид, синоќа во 23 часот и 20 минути на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача сопрен е патнички автомобил, управуван од 53-годишниот С.Л.  од Струга кој бил натоварен со дрога.

При проверка на возилото во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници.

 

Во врска со случајот приведен е и С.И. (31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега