ММФ прогнозира раст на грчката економија

ММФ прогнозира дека нашиот јужен сосед ќе забележи економски раст од 0,6 отсто наредната година.

Според прогнозите од ММФ, грчката економија ќе заздрави со предвидените 2,2 отсто раст во четвртиот квартал од следната година, за разлика од  рецесијата од 2,6 проценти во истиот период оваа година.

Стапката на инфлацијата во Грција се предвидува да остане негативна и во текот на следната година и да изнесува -0,8 отсто, наспроти -0,4 проценти оваа година, стои во соопштението на ММФ.

09.10.2013 - 10:12
Фото: 
Кајгана

најчитано сега