Сомалиски имигранти фатени во Грција

Грчката полиција открила 19 сомалиски имигранти , 12 мажи и 7 жени во автобус кој патувал од Солун до Италија. Автобусот кој ги превезувал бил пријавен како туристички.

Петмината трговци со луѓе, кои работеле под маската на туристичка агенција, се уапсени. 

Сомајлиците биле сокриени во специјално изработен празен простор под покривот на автобусот, кој бил висок само 35 сантиметри.

Уапсените трговци со луѓе наплаќале меѓу 2.000 и 3.000 евра, објавуваат грчките медиуми.

09.10.2013 - 10:21