ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголема жртва на Заев

СДСМ и Зоран Заев ги разочараа и измамија младите. Ова го велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ преку соопштение се пофалија дека создаваат можности за младите да останат во татковината.

       -   Ваквите празни соопштенија од страна ан СДСМ значат само потценување на интелигенцијата на младите во Република Македонија.  Младинска гаранција, изградба на студентски град во првите шест месеци како и подобрување на студентскиот стандард, погодности за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои остануваат само празно слово на хартија. Кога СДСМ пишува за реновирање на студентски домови и ученички домови дали може да каже на кои студентски и ученички домови поточно мисли? На младите им е јасно дека тие не постојат за оваа криминална власт која води грижа само за криминални тендери, корупција, рекетирање, поткуп, уцена и закани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

          Додаваат дека младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев и затоа СДСМ мора да си замине колку побрзо толку подобро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега