СДСМ: Случајот со заразени животни со антракс е изолиран

На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на измислици и лажни вести му нема крај, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.

Денес, нивната наводна грижа за граѓаните од опасноста од заразеност со антракс е само очаен обид за прибирање на ситни дневнополитички поени на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство веднаш излезе во јавноста и потврди дека нема опасност за граѓаните и дека ниту еден граѓанин не е заразен со антракс.

Истовремено и Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти дека засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста.

Последните информации се дека нема нови случаи на заразени со антракс.Крајно несериозно е од страна на ВМРО-ДПМНЕ да ги вознемирува граѓаните и создава вештачка паника и страв кај нив.

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ги превземаат сите мерки потребни во ваков и слични случаи  и се подготвени да одговорат во секое време“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега