ВМРО-ДПМНЕ: Две ипол години Македонија тоне

Две ипол години Македонија тоне. Македонската економија е оценета со нула од германските стопанственици, се вели во реакцијата на опозициската партија на Фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев. 

„Јавниот долг е зголемен повеќе од пола милијарда евра, а нема никаква инвестиција. Нивото на капитални инвестиции во последните две години е најниско од осамостојувањето до денес. Стандардот на граѓаните е намален. Наместо раст и развој имаме рекет и криминал. Македонија со Заев оди само надолу. Потребни се итни оставки и распишување предвремени парламентарни избори, а не празни флоскули“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега