ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните

СДСМ со праќање на вакви празни соопштенија само продолжува да ја потценува маката и трудот на земјоделците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштенијата на СДСМ.

„СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа во земјоделието.

Скоро три години им требаше на СДСМ за да исплатат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка.

Колку години ќе им треба на СДСМ и Зоран Заев за да разберат дека треба да ги решаваат проблемите на земјоделците, а не да се фалат со ваква популистичка работа?

За тоа колку е катастрофа во земјоделието говори и фактот дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа.

Власта на СДСМ е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните.

СДСМ најдобро што може да сработи е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, закани и уцени.

Затоа потребно е оваа криминална банда веднаш да си замине. За доброто на граѓаните и државата потребно е итно распуштање на парламентот и распишување на предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега