СДСМ: Пратеникот Стевананџија да поднесе оставка

Пратеникот Стевананџија кој се заканува со бесилки на граѓани, да поднесе оставка затоа што не е достоен за функцијата што ја извршува, велат од СДСМ.

„Како што им станува јасно на ВМРО-ДПМНЕ дека не можат да ги одбранат криминалците, така се повеќе расте нервозата во белиот дворец.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.

Стеванаџија бесрамно и скандалозно шири говор на омраза и заплашува граѓани со бесилка, само затоа што некои од имаат различни ставови од него.

Таквото однесување на Димитар Стевананџија покажува дека не достоен да ја извршува функцијата пратеник и затоа тој мора веднаш да си поднесе оставка.

Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на нивниот пратеник Стевананџија.

СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став. Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е што таквите закани доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во деструктивната матрица на закани, уцени и пресметки со неистомислениците“, се вели во соопштението на владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега