Струмица: Го киднапирале и тепеле со железен синџир за 10.000 денари

Струмичани си заработија кривична пријава за изнуда. Се работи за 27-годишниот Т.М. 26-годишниот Д.М. и 53-годишниот И.С. кои го нападнале В.С. и неговиот син со дрвен предмет, по што таткото од ударите се онесвестил.

Откако се освестил забележал дека се наоѓаат во куќата на третопријавениот, по што едниот од тројцата насилници со железен синџир го удрил во пределот на телото, додека другите го удирале по главата барајќи му паричен надомест од 10.000 денари, со цел да биде ослободен.

И.С. му кажал на неговиот син да донесе пари, а откако бараниот износ им бил даден истите го ослободиле.

09.10.2013 - 12:03

најчитано сега