Го претепале додека се движел по улица - инцидент во Скопје

Скопјанец пред два дена бил нападнат додека се движел пеш по улица. Инцидентот се случил околу 9 часот и 30 минути кога 58-годишниот Т.И. од Скопје бил пресретнат и нападнат од страна на 23-годишниот М.И. кој без никаква причина го удирал во пределот на телото и главата.

 Од здобиените удари Т.И. паднал на асфалтот, а пријавениот се упатил во непознат правец.

Истражен судија на насилникот му удреди мерка притвор од 30 дена.

09.10.2013 - 12:13