ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ се грижеа за децата немаше да го укинат додатокот за трето дете

СДСМ и Зоран Заев и  понатаму продолжуваат со ширење на лаги и манипулации. Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ околу веста дека СДСМ граделе и опремувале 43 градинки.

        -  СДСМ, Заев и Царовска мора да одговорат кои се тие 43 детски градинки кои во моментот се градата и опремуваат? Доколку СДСМ и Царовска навистина се грижеа за децата немаше да го укине додатокот за трето дете. Доколку СДСМ и Царовска навистина се грижеа за вработените во градинките немаше на почетокот на годината да им ја намали платат за околу 900 денари, туку ќе им ги зголемеше платите.  Ниту СДСМ знае да управува со државата, ниту Заев знае да управува со владата а ниту  Царовска со министерството за труд и социјална политика, велат од партијата.

          Криминалната СДСМ мора веднаш да си замине.

      -    За доброто на граѓаните и државата мора веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори и граѓаните да одлучат за крајот на владеењето на аболицираниот Зоран Заев, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега