Јованка Броз: Тито не користеше вијагра ни на 60 години!

Јованка Броз по молчењето кое стана нејзин препознатлив знак, конечно си ја отворила душата и раскажала нешто за нејзиниот љубовен и сексуален живот со Јосип Броз Тито, пренесе Точка.

Иако долги години не сакаше да зборува за својата приватност, Јованка Броз во својата биографија изнесува многу податоци за себе и за Тито. Според нејзините зборови на Тито и на 60 години не му требала вијагра бидејќи бил како младо момче во кревет.

Инаку, во една прилика Тито објасни зошто не може да им одолее на жените.

- „Младоста е бујна и раскошна, таа е пролетта на животот, полна е со хормони како растение со сокови. Младоста е вчудовидувачки поттикнувачко и креативно доба. Младото тело е цврсто, јадро, полно со топлина и животна енергија. Очите на младата личност се полни со љубопитност, жар и копнеж. Кожата на младите жени е сјајна, мека и влажна. Потта на девојките и младите жени има опоен мирис и сладок вкус. Таа е најсилен природен афродизијак кој делува преку сетилата за мирис и вкус, а постепено се лачи и во моментите на емотивно возбудување“, изјавил лидерот на СФРЈ.

09.10.2013 - 12:32

најчитано сега