Пандов: Шеќеринска при очи и уши не прави слепи и глуви

Оваа при очи и уши не прави слепи и глуви! Сите слушнавме дека истиот ден кога Боки Тредичи го обработува Орце како плаќањето рекет е добра инвестиција во Македонија, посочувајќи го Жарко Луковски како пример, нејзиниот сопруг Бобо Шеќерински му се наметнува на Орце вечерта да му дојде на гости, а Тредичи се фали дека г-ѓа Шеќеринска ќе му гостува на вечера, во неговиот дом. Па да прашам, еве јас немам дилема дека муабетот меѓу Рада и Боки, не бил за Роберто Кавали, Џани Версаче и Прада, туку како поминал рекетот, дали Орце ќе даде пари и колку има од нив за неа. Рускоска и Јовевски кој од април ги имаат доказите, до сега нели ги заинтересира потпрецедателката на СДС и министер за одбрана на Македонија што правела кај овој што би рекол Заев народски, криминалец, измамник и педер?, прашува аналитичарот Александар Пандов.
„Какви им се сознанијата на обвинителите, парот Шеќерински земале пари од рекетот и ќе ги апсите или и тие се невини? Кога ви се на распоред за распит?

П.С. Митко Чавков со лажна белешка на полициски службеник дека имал апартман во Грција го уапсивте! Жарко Луковски има сопствен хотел на Халкидики со украдени наши, народни пари! Планирате да го сместите во Шутка или ќе ми го оставите на мене, јас кога ќе дојдам на власт да го апсам?

#ОставкиСегаИОдма
#ШуткаНеВиБега“, пишува Пандов на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега