Села: Време е за предвремени избори и промена на власта

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека неопходни се предвремени парламентарни избори, бидејќи, според него, дојдено е време да се смени власта во земјава.

Според Села, смената на власта ќе донесе демократија, ќе ја врати надежта на луѓето и ќе се запре егзодусот на младите кон ЕУ.

Села упати критики кон албанската владејачка партија ДУИ, обвинувајќи ја дека владеела на незаконски начин.

-Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полурежим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата – истакнува Села во скајп интервју за ТВ „Ора“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега