ВИДЕО: Во двор му шетале 47 змии

Србин Слободан Буниќ  пронашол 47 змии во својот семеен двор. 

„Сосема случајно приметив неколку во дворот. Кога тргнав да ги соберам, една позади друга во недоглед излегуваа од леглото, па на крајот беа полна канта“, раскажува тој и додава дека станува збор за белоушка, која не е змија отровница.

Слободан змиите не ги убил , туку нашол  начин како со нив да помогне во развојот на науката.

„Синот на еден мој пријател е ветеринар, па ги однесов кај него, со услов да не ги убива. Тоа се само живи суштества кои нема потреба да ги уништуваме, “, вели тој.

09.10.2013 - 14:11

најчитано сега