Голема полициска акција во Албанија: Запленети 100 икони

Албанската полиција фати двајца Албанци кои се обиделе да шверцуваат  икони и други вредни предмети.

42- годишниот Арбен Спахо  од Подградец и 51- годишниот  Ѓерѓи Тими од Корча, и двајцата жители на Тирана, се уапсени откако во нивните станови во Камза, Тирана и Батор биле откриени 100 икони.

„Акцијата спроведена во тие градови откри база каде биле чувани украдени вредни предмети, главно икони, кои потоа требало да бидат продавани во Грција, Србија, Хрватска и Италија,“ соопшти албанската полицијата.

 

 

09.10.2013 - 14:46