Алијанса за Албанците: Правдата да ги опфати сите не само дел од режимот

Ја поздравуваме одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот ,,Рекет” носејќи ги на обвинителка клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева. Ова денеска го велат од Алијанса на Албанците.

- Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функсионери на ДУИ, почнувајќи од случајот ,,Маџар телеком” ,,Титаник 3″ ,,Пациент” како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот Фонд. Алијансата за Албанците смета дека ако сакаме да имаме целосна правда,тоа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок, велат од партијата.

За потсетување, Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“. Таа се сомничи дека ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега