Шиповиќ се бара за злоупотреба на 1 милион евра

Во акцијата на МВР за расчистуање на криминалот во АД Машинопромет веќе се приведени повеќе лица но акцијата е се уште во тек. Осомничените ќе одоговараат за злоупотреба на службената положба како и помогање при злоупотреба на службената положба. Според информации од полицијата осомничените направиле штета од 1 милион евра, а најодговорно лицер во целата постапка, според МВР бил претседателот на Управниот одбор на АД Машинопромет, Мирослав Шиповиќ. 
На прашањето дали се работи за политичка пресметка со претседавачот на Советот на општина Центар од МВР велат дека во расчистувањео на криминалот, политичките врски не играт никаква улога.
„Не не интересира дали некој е член на некоја политичка партија. Полицијата и во овој слчај како и во сите претходни постапува неселективно“ - вели Иво Котевски, портпарол на МВР

Делото било сторено во периодот од 2008 до 2011 година

09.10.2013 - 15:37

најчитано сега