СДСМ: Никој нема да биде поштеден и амнестиран за Рекет

Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Ова го велат денеска СДСМ преку соопштение.
 
- Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво. Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки. Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи, велат СДСМ.
 
Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.
 
- Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност. Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување, додаваат од владејачката партија.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега