Доколку Шиповиќ не се врати од САД - паѓа власта на СДСМ во Центар

Доколку Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ кого полицијата го бара за аферата Машинопромет не се врати од САД, СДСМ не може да ја ефектуира власта во општина Центар. Согласно Законот за локална самоуправа, нема начин Шиповиќ да биде сменет од советничката функција без негово лично присуств,о па оттука, паѓа мнозинството на СДСМ кои во Советот на општина Центар, имаа еден советник повеќе. 
За да биде сменет, Шиповиќ треба лично да поднесе оставка и на негово место да дојде следниот советник од листата на СДСМ. Но за тоа Шиповиќ треба да се врати од САД, каде според неофицијалните информации е во посета на својот син. 
Следната опција е мнозинството во Советот на општина Центар по 3 неоправдани отсуства на седниците на Советот да му стави крај на неговиот мандат, но тука проблем е што СДСМ без Шиповиќ во Советот нема мнозинство. 
Постои опција Шиповиќ да го загуби мандатот доколку биде осуден на затворска казна подолга од 6 месеци.
Се до враќањето на Шиповиќ во земјава, општина Центар ќе биде во ситуација во која ниту една партија нема да има мнозинство, што значи дека одлуките ќе мора да се носат во дговор меѓу двете најголеми политчки партии во земјава

09.10.2013 - 16:53

најчитано сега