Општина Центар: Дали апсењето на Шиповиќ е политичка хајка?

Тешко е  да се поверува дека во распишувањето меѓународна потерница за Претседателот на Советот на општина Центар и Претседател на ОО СДСМ – Центар нема намерна и смислена тенденција. Затоа и во домашната и во меѓународната јавност се наметнува прашањето дали е случајна хајката и прогонот кон Претседателот на Советот на општина Центар.

Како што е познато, во Советот на општина Центар мнозинството со 1 советник го има коалицијата предводена од СДСМ.

Поддржувајќи ги сите законски потези на државата и ненавлегувајќи во работата на органите на прогонот, јасно е дека со сите досегашни потези и континуирани напади од самиот избор на новото раководство на општина Центар, власта покажува дека не може да се помири со губењето на власта во општината и со губењето на довербата од граѓаните.

Јавноста затоа е во дилема, дали исто органите на државата ќе постапеа на ист начин и кон Претседател на Совет на било која општина со која раководи ВМРО – ДПМНЕ?

 

Дали законите во Република Македонија се применуваат селективно?

(Интегрален текст од писмена реакција на општина Центар)

09.10.2013 - 17:12

најчитано сега