СДСМ: Преземаме мерки за помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки кои обезбедуваат чиста животна средина, како и пониски трошоци за граѓаните. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Интензивно се работи на процесот на гасификација на државата, клучна мерка на Владата предводена од СДСМ. Заклучно со јули 2019 година завршени се нешто повеќе од 70 проценти од градежните и машинските работи на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола. Овој проект треба да биде завршен до февруари 2020 година. За капиталниот проект за гасификација на државата, за годинава се издвоени над 1 милијарда и 550 милиони денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година. Процесот на гасификација ќе овозможи намалување на трошоците за енергија, но и намалени емисии на штетни гасови во воздухот што значително ќе влијае на надминување на проблемот со аерозагадувањето, велат тие.

Владата, министерствата, општините и сите надлежни институции секојдневно се борат против проблемот со загадувањето на воздухот. Во таа насока е и набавката на четири еко-автобуси кои се вклучуваат во јавниот патнички транспортен систем во општина Прилеп.

- Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што ја зголемуваат енергетската ефикасност, обезбедуваат здрава животна средина, помали трошоци за загревање и повеќе пари во семејните буџети, додаваат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега