Јанушев: Заев со свој камен по своја глава - Пада Влада

Зоран Заев најави тужба за објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за аферата „Рекет“!!! ЗА НЕЛЕГАЛНО ДОБИЕНИ ДОКУМЕНТИ!!! Е, ова се вика со свој камен по глава! Ова го напиша Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

- Понатаму, (несвесно, нема друго објаснување) Заев бара од Вилма Русковска да каже дали записникот и документите кои протекоа се веродостојни?  А, Русковска “мртва ладна” си потврдува дека се веродостојни, што значи дека објавеното е вистина. Како беше онаа народната? Еднаш лопов, цел живот лопов!?! Истовремено и Никола Димитров со изјава дека влегол во политиката за да го тргнел срамот ... Дали е свесен дека тој и Заев и го нанесоа најголемиот срам на Република Македонија? Дали се свесни дека тие се срамот за сите нас??? Дефинитивно е изгубено тлото под нозе за Зоран Заев и другарчињата од криминално-рекетарската влада! Немате појма кај терате! Пада Влада!, напиша тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега