Масовна тепачка во скопски Аеродром - двајца на Ургентен двајца во полиција

Масовна тепачка вечерва се случила во скопски Аеродром на булеварот Трета Македонска бригада кај средното ПТТ училиште. Според информациите до кои дојде Press24 од полициски извори, станува збор за договорена тепачка меѓу двете средни училиште, хемиското Марија Кири и ПТТ Владо Тасевски. 
Од полицијата ја потврдуваат информацијата. Велат дека до нив пријавата пристигнала во 19 часот. Според информациите од таму, во тепачката учествувале повеќе луѓе а се користеле и тврди предмети. Две лица со телесни повреди се префрлени во Ургентниот ценар во Скопје, а двајца се приведени во полиција. Додека траела тепачката, сообраќајот бил во краток прекин.
Двете среди училишта се наоѓаат во непосредна близина, односно ги дели само булеварот Трета македонска бригада

09.10.2013 - 20:34

најчитано сега