Во Аеродром немало тепачка - се мавале со дрва и камења преку улица

Немале непосреден контакт, туку само си фрлале разни предмети. Ова стои во официјалната информација која Press24 вечерва ја доби од МВР. Според полицијата, вечерва околу 19:10 по завршување на наставата група ученици од ДСУ Владо Тасевски (ПТТ) движејќи се од едната страна и друга група ученици од ДСУ Марија Кири (Хемиско) движејќи се од другата страна на улицата започнале едни кон други да фрлаат со разни предмети, без да имаат непосреден контакт. Полицијата информира дека и двете групи биле од мешан етнички состав. Во канонадата од дрва и камења, две лица со повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а уште две лица се приведени. 
Поради инцидентот, сообраќајот крајот период бил во прекин

09.10.2013 - 22:56

најчитано сега