Предвремени парламентарни избори на пролет заедно со претседателските

 

Предвремени парламнтарни избори на пролет, заедно со претседателските. Оваа варијанта станува се пореална особено ако се имаат предвид активностите на политчките партии внатре, но и на терен, меѓу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно е на терен и одржува трибини низ градовите, додека СДСМ се обидува со промоција на политичка програма да си обезбеди поповолна позиција. Експерти за Дневник коментираат дека дополнителен мотив за избори ќе биде цензусот за избор на Претседател на државата кој тешко дека ќе биде достигнат доколку во пакет со претседателските избори не одат и предвремени парламентарни избори.

- Зошто избори? Првиот одговор, првата причина е бидејќи е тоа разрешница на политичката криза со „24 декември“, Мартовскиот договор, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гарантиран од ЕУ, вклучуваше и изборен роковник со две точки: учество на локалните избори и разговор за парламентарни избори. СДСМ, кој тогаш бараше предвремени парламентарни избори, тврдеше дека тие се договорени, а ВМРО-ДПМНЕ негираше. Сега состојбите се променети и премиерот Никола Груевски е тој што ги врати на дневниот ред предвремените парламентарни избори. Втората причина е дека во случај на одреден развој на евро-атлантските интеграции, граѓаните на избори ќе мора да го легитимираат таквиот развој - вели за Дневник Сашо Kлековски, аналитичар во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Аналитчарот Владимир Мисев од Институтот за демократија вели дека нема потреба од нови избори бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го има легитимитетот меѓу граѓаните, но сепак смета дека опцијата за пакет избори е сосема веројатна

- Прво, ако се погледнат рејтинзите на партиите, особено на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа како на владејачката партија ~ одговараат нови избори на кои би добиле уште еден четири годишен мандат - вели Мисев за Дневник

10.10.2013 - 00:05

најчитано сега