Граѓаните може да тужат ако Центар им наплаќа на необележан паркинг

Граѓаните можат да тужат доколку општина Центар им наплаќа на паркинзите чија сигнализација екипите на град Скопје ја отстранија пред неколку дена, јавува Дневник.
Општина Центар пред 2 дена на седница на општинскиот Совет усвои одлука со која општинското претпијатие Паркинзи ќе може да стопанисува и покрај тоа што нема согласност од МВР и Град Скопје.
Портпаролот на полицијата за Дневник вели дека општината тоа го прави на сопствен ризик, бидјеќи доколку на некој од  граѓаните му се наплатува за паркирање во зоните каде Центар нема право да работи, тој може да поведе судска постапка.
Според МВР, станува збор за паркиг места од кои дел се наоѓаат на улица, дел на тротоари а дел се јавни паркиралишта. Полицијата вели дека во првите два случаи станува збор за сообраќаен прекршок за кој тие само ќе опоменуваат.

Паркинг проблемот со општина Центар датира уште од времето на претходниот градоначлник Тодоровиќ, а пред неколку дена Град Скопје ја обои сигналиацијата по налог на МВР

10.10.2013 - 00:15