Во Албанија пронајдени преку 1000 икони од Македонија

Албанската полиција пронашла 1.077 икони од 15. и 20. век кај двајца албански државјани, пишуваат тамошните медиуми.

Според досегашните информации, се работи за 1.077 непроценливо вредни икони, делови од фрески и други црковни предмети кои биле наменети за продажба во странство. Украдените икони доаѓале од Албанија и Македонија.

Најмногу икони се крадат од црквите во пограничниот дел на Охрид и Струга. 

10.10.2013 - 09:05