Маскирани лица ја запалиле канцеларијата на грчкиот министер за морнарица

Засега непознати и маскирани насилници ја запалиле канцеларијата на грчкиот министер за морнарица Милтијадис Варвициотис.

Според полицијата, маскираните сторители во текот на ноќта влегле во канцеларијата на министеро, ги полеале просториите со бензин и ги заплиле. За среќа огнот бил брзо изгаснат и во инцидентот настрадани лица нема.

Владиниот портпарол Симос Кедикоглу го осуди нападот, изјавувајќи дека „оние кои се стремат кон терор и насилство, го имаат против себе целото општество“.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, а според информациите од полицијата, се работи за седум насилници кои ја опожариле канцеларијата на грчкиот министер.

10.10.2013 - 09:18