ВМРО- ДПМНЕ: Шилегов во желбата за евтин сензационализам изврши незаконско дело

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во Град Скопје истакнува дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во желбата за евтин сензационализам во случајот со казнетите таксисти изврши незаконско дело неовластено откривање на лични податоци, велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од ВМРО - ДПМЕ нагласуваат дека сакајќи да се пофали со изречените глоби адвокатот Шилегов незаконски им ги објави матичните броеви на таксистите врз кој е изречено казна.

„Казната предвидена со законот за заштита на личните податоци, кршејќи го член 23  е до 3.000 евра, и било хумано дело престапникот Шилегов да ги плати овие пари за казните изречени на таксистите.

Совеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ во градот Скопје ја повикува Дирекцијата за заштита на лични податоци да реагира на ваквото кршење на законот.

Наместо Шилегов да се фали со казнување на таксисти, нека ги засука ракавите и нека почне да ги санкционира големите загадувачи на градот Скопје кои и понатаму го загадуваат градот и нека почне по две години спиење да ги решава проблемите на Скопјани“ се вели во партиското соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега