Арсовски: Дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на проекти за Рекет на Боки 13?

Истрагата за случајот „Рекет“ е целосно компромитирана и девалвирана, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-На ден 22 јуни 2017-тата година Фросина Ременски, беше промовирана како почесен претседател на Меѓународниот сојуз. На истата таа промоција истата Фросина Ременски рече, цитирам: „Јас ќе ја искористам максимално функцијата во лобирање и влијание итн“. Прашањето на кое не одговори денес Фросина Ременски е следното: За што ја искористила својата функција Фросина Ременски изминативе две години како потпретседател на Собрание на Република Македонија и потпретседател на СДСМ, а во насока на влијание и лобирање за потребите на „Меѓународен сојуз“?  За што влијаела и за што лобирала онаму каде што можела? Гледаме дека стратегиите и проектите на Боки 13 со сите инволвирани во Меѓународниот сојуз биле со единствена намера да рекетираат, истакнува тој.

Арсовски прашува: „Дали Фросина Ременски учествувала во смислувањето на тие проекти за рекет на Боки 13“?

-Пари во меѓународниот сојуз има милиони, резултати и проекти нема. Парите извадени од сметка, нормално. Дали тоа се парите за кои влијаела максимално и лобирала Фросина Ременски и каде завршиле истите пари дадени од бизнисмените најверојатно како „Рекет“? Изминативе две години логично е да се поднесени две завршни сметки за работата на Меѓународниот сојуз, за 2017 и 2018-тата година. Дали Фросина Ременски не знае и не учествувала во финансиските извештаи каде што е почесен претседател, за што и како се потрошени извадени парите, дадени од бизнисмените на „Меѓународен сојуз“? Просто невозможно и неверојатно да не знае и да не е запознаена. Фросина Ременски дента кога ја прогласија за почесен претседател, призна дека има долгогодишна координација и комуникација со Боки 13 за проекти и стратегии и за натамошно функционирање, притоа потенцирајќи дека таа ќе се ангажира и ќе влијае и ќе лобира онаму каде што може. Очигледно е дека целата фарса од истрагата за случајот „Рекет“ е единствено целиот случај да се развлече и на крај нормално да се забошоти, да остане таков како што е во моментов. Очигледно дека единствена обврска на Вилма Русковска е да се заштити криминалот на врвот на СДСМ и Заев, инволвирани во случајот „Рекет“, а целиот случај да се сведе само на Боки 13, за кој целата држава знае дека не може и не е способен сам да го направи целиот овој рекет сам. Одговорност ќе има за сите, веднаш откако ќе падне оваа криминално-рекетарска власт на СДСМ. Веднаш потоа ќе следи обнова на Македонија и ќе нема повеќе место во политиката за вакви криминалци од највисок ранг, порачува Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега