Со „Пежо 306“ се забил во ограда од куќа - гостиварчанец загина во страшна сообраќајка

40 годишниот гостиварчанец Сеадин Алии утрово загинал во сообраќајна несреќа на локалниот пат Гостивар- с. Градец.

Според информациите од МВР, Алии управувајќи со автомобил „Пежо 306“ излетал од патот и удрил во метален ѕид од ограда од куќа. Тој починал на лице место.

Извршен е увид на местото на несреќата.

10.10.2013 - 10:00

најчитано сега