Боки 13 примал инфузија поради тегоби во желудникот, но не е хоспитализиран

Директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи за Плусинфо потврди дека претпладнево го примиле Бојан Јовановски – Боки 13, кој се жалел на болки во желудникот, но и дека не го хоспитализирале.

-Бојан Јовановски вторпат го примивме на преглед поради желудочни тегоби. Тој претходно имал операција на желудникот. Тој прими инфузија и ќе продолжи со испитувања на други клиники, изјави Јакупи за порталот.

Јовановски веќе втор месец е во притвор во затворот во Шутка. Тој е првоосомничен во аферата „Рекет“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега