СДСМ: Институциите денес работат независно, се постапува по секое прекршување на законите

Во недостаток на реални проекти, програма и идеји во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири дезинформации и да рециклира лаги кои се и инстируционално демантирани, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека тоа доволно зборува за безидејноста во која е западната опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што веќе информираше Министерството за внатрешни работи, настанот за кои денес лаже ВМРО-ДПМНЕ, се расчистува.

Лицето кое пукало е повикано во полициска стануца, пиштолот е одземен, а во координација со основното јавно обвинителство, ќе биде поднесен и соодветен поднесок.

Зааврши времето кога структури од МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ штитеа криминал, а полицијата беше злоупотребувана за политички пресметки како што беше за време  на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, полицијата и сите надлежни институции работат независно и професионално и постапуваат по секое прекршување на законите.

Секој е еднаков пред законите и секој за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски, одговоара за своите постапки.

Христијан Мицкоски и безидејното ВМРО-ДПМНЕ, наместо да рециклираат демантирани лаги, да се помират дека законите важат за сите подеднкаво, а полицијата станува вистински сервис на граѓаните“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега